Проветрување во зима: Дали е пожелно и колку долго треба да ги држиме прозорците отворени?

Фото: Wooden window / Alamy / Alamy / Profimedia

Зимата со себе, покрај ниските температури, носи и дожд, магла и снег, односно зголемена влажност на воздухот.

Со цел полесно да се задржи топлината во просторите за живеење, денешните згради се дизајнирани да бидат енергетски поефикасни. Сепак, токму скапите фасади и ПВЦ прозорците, доколку не практикувате редовно проветрување, ќе внесат нов непријател во вашиот дом – влагата.

Сигурно сте забележале како кога надвор е студено во вашиот загреан стан, прозорските стакла се „замаглуваат“. Станува збор за кондензација која се јавува поради големата температурна разлика помеѓу надворешниот и внатрешниот воздух и е јасен показател дека влагата навлегла во вашиот животен простор, пишува „Вечерњи лист“.

Но, влагата не се акумулира во становите само поради ниската температура надвор, има и други фактори кои ја предизвикуваат, како пареа од готвење, пеглање и туширање, недоволно проветрување и неисправен или несоодветно искористен систем за греење.

На долг рок, влагата, мувлата и габите во домот може да доведат до здравствени проблеми како што се замор, мигрена, несоница, исцрпеност, раздразливост и алергиски реакции.

Едно од решенијата секако е редовно проветрување на просториите во кои престојувате. Оптимално би било да се проветрува најмалку пет пати на ден, а се препорачува следново правило:

Ако температурата надвор е под 0 степени, прозорците треба да се отвораат само 5 минути;
Кога надвор е од 0 до 10 степени: во овој температурен опсег, доволно е околу 10 минути вентилација;
Кога е повеќе од 10 степени: Оставете ги прозорците отворени околу 15 минути.

Дали проветрување во зима е единственото решение?
Секако, за максимално рационално користење на енергијата, најдобро е да се инвестира во нешто професионално и трајно, како висококвалитетен систем за вентилација.

Како што беше речено, најважно во спречувањето на влагата и мувлата е просториите постојано да се добро проветрени, односно да има доволен проток на воздух.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот