„Протон технолоџи АГ”: Заканата со бомба била испратена откако белоруските власти го присилиле авионот на Рајанер да слета

Заканата со бомба, што белоруските власти ја наведуваат како причина за присилното слетување на авионот на „Рајанер“ со белорускиот дисидент Роман Проташевич, била испратена откако била издадена наредбата за приземјување на леталото, соопшти денеска телекомуникациската компанија „Протон технолоџи АГ“.

Белоруските власти во неделата соопштија дека наредиле авион, што летал од Атона кон Вилнус, што во тоа време бил во нејзиниот воздушен простор, да слета во Минск поради закана со бомба од исламистичката група Хамас.

Кога авионот слетал, веднаш биле уапсени Роман Проташевич и неговата партнерка Софија Сапега.

Принудното слетување на Рајанер: Двојни аршини на ЕУ?

Хамас експресно демантираше дека има било каква врска со заканата со бомба, а европските лидери ја обвинија Белорусија за државно спонзорирано киднапирање на авионот.

Белорускиот лидер, Александар Лукашенко, тврди дека белоруските власти добиле предупредувачка порака од Швајцарија за бомба на летот на „Рајанер“ и затоа наредиле да слета.

Швајцарскиот интернет провајдер „Протон Технолоџис АГ“ соопшти дека не видел „веродостоен доказ“ дека белоруските власти навистина ја добиле пораката пред да ја издадат наредбата.

Истражувачката група „Досиер центар“ од Лондон вчера објави мејл со наводна закана од Хамас. Меѓутоа, британските медиуми наведуваат дека пораката била испратена 24 минути откако белоруските власти го предупредиле авионот за заканата со бомба.

Европските земји остро реагираа на белорускиот акт, повикувајќи ги нивните авиокомпании да не прелетуваат и влегуваат во Белорусија, а белоруската компанија „Белавија“ мораше да ги откаже своите летови кон голем број европски земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот