Протокот на стоки на граничните премини се одвива без проблеми

Периодов е забележан зголемен извоз на кондиторски производи што е добро за економијата на државата, вели Танасоски.

Директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски, утрово изјави дека стоковата размена меѓу државите се одвива без проблеми по строго утврдените правила. Тој вели дека во моментов секој зголемен увоз е добредојден.

Танасоски вели и дека периодов е забележан зголемен извоз на кондиторски производи што според неговите проценки е добро за економијата на државата.

Тој прецизира дека веднаш по прогласувањето на вонредната состојба и претходно со воведувањето на рестриктивните мерки Царинската управа заедно со министерствата за економија и за финансии и Државниот пазарен инспекторат направиле анализа на увозот на сите неопходни продукти за кои за одреден дел има забрана за извоз, а на другиот дел е дозволен слободен извоз за да нема штета кај компаниите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот