Протоколите подготвени – „Виз ер“на 1 и 2 јули ги отвора аеродромите во Скопје и Охрид (ФОТО)

Скопје, 29 јуни 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Со лет на „Виз ер” во среда се отвора Меѓународниот аеродрoм – Скопје. „Виз Ер” ќе го отвори и аеродромот во Охрид  „Свети Апостол Павле” в четврток со лет со кој ќе допатуваат туристи од Холандија и Полска, соопшти генералниот директор на ТАВ – Македонија, Алпер Ерсој.

Скопје, 29 јуни 2020 / Фото: Драган Митрески – Слободен печат.

Протоколите се подготвени и се по сите светски стандарди. Како што напомена Ерсој, патниците мора да дојдат три часа пред летот зашто проверките поради заштитните мерки се малку позабавени. Во авионите нема да има ограничување на местата за седење зашто, како што рече Ерсој, летањето би било неисплатливо. Патниците ќе мора да носат заштитни маски за цело време на летот, а кабините на авионите, потенцира Ерсој, се опремени со специјални хепа филтри кои уништуваат 99,9 отсто од вирусите и бактериите.

Скопје, 29 јуни 2020 / Фото: Драган Митрески – Слободен печат.

-Затоа авионскиот транспорт ќе биде набезбеден јавен превоз, посочи Ерсој.

Министерот за здравство Венко Филипче кој заедно со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески го посетија Скопскиот аеродром и имаше средба со менаџментот на ТАВ,  потврди дека во среда, на 1 јули, двата аеродрома, во Скопје и во Охрид, се отвораат.

Филипче информира и дека денеска ќе разговара со грчкиот колега во врска со отворањето на граничниот премин Евзони, а за влез на нашите граѓани во земјите-членки на ЕУ, веќе разговарал со претставници на Советот за здравство на Европската комисија и повторно има закажано состаноци за утре и за четврток.

Скопје, 29 јуни 2020 / Фото: Драган Митрески – Слободен печат.

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, пак, минатата недела разговарал со надлежните во „Виз ер”. Рече дека согласно Договорот за финансика поддршка, очекува од први јули да продолжат летовите што беа стопирани во март поради КОИВИД-19

-Протоколот на Меѓународниот аеродрoм – Скопје е според сите светски стандарди. Целосно се застапени основните заштитни мерки – дистанца, дезинфекциски средства и обврска за носење маски, а на влезот е поставена и термална камера. Скринингот ќе продолжи, ќе функицонира и собата за изолација, изјави Филипче по посетата на Аеродромот и средбата со менаџментот. 

Скопје, 29 јуни 2020 / Фото: Драган Митрески – Слободен печат.
Скопје, 29 јуни 2020 / Фото: Драган Митрески – Слободен печат.
Скопје, 29 јуни 2020 / Фото: Драган Митрески – Слободен печат.
Скопје, 29 јуни 2020 / Фото: Драган Митрески – Слободен печат.
Скопје, 29 јуни 2020 / Фото: Драган Митрески – Слободен печат.
Скопје, 29 јуни 2020 / Фото: Драган Митрески – Слободен печат.
Скопје, 29 јуни 2020 / Фото: Драган Митрески – Слободен печат.
Скопје, 29 јуни 2020 / Фото: Драган Митрески – Слободен печат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот