Фото: EPA/CLAUDIO THOMA

Противникот на Македонија во Лигата на нации загуби од Германија во меч со седум гола

Денеска во пријателски натпревар одигран во Базел, фудбалската репрезентација на Германија со 4:3 ја совлада селекцијата на Швајцарија.

По првото полувреме резултатот беше 2:2, водеа Швајцарците од 17 минута со голот на Ндоје, израмнија Германците преку Та во 26 минута.

Во 41 минута домаќините повторно беа во минимална предност благодарение на погодокот на Емболо, а непосредно пред паузата видовме нов егал во дуелот кој го донесе Гнабри (45+2`).

Германија за прв пат поведе во 61 минута преку Вирц, за 3:3 во 79 минута стрелаше Монтеиро, а во 85 минута конечниот епилог го постави Вирц со својот втор гол на средбата.

Потсетување, Швајцарија е еден од противниците на Македонија во новото издание на Лигата на нации. Токму Швајцарија е нашиот прв противник на 26 септември годинава на домашен терен. Во Лигата Б нашите најдобри фудбалери ќе играат и против Шкотска и Словенија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот