Проф. Тони Дескоски / Фото: Фондација „Ѓорѓи Марјановиќ“

Просветниот инспекторат некогаш гледа, а некогаш не го гледа она што сите други го гледаат, вели професорот Дескоски

Професорот по меѓународно право Тони Дескоски реагира на постапувањето на Државниот просветен инспекторат (ДПИ) околу наводни неправилности на Филозофскиот факултет. Тој наведува дека инспекцијата констатирала состојба која претходно веќе била утврдена од самата институција.

„Просветната инспекција го видела она што претходно го откриле на Факултетот! По серијата дезинформации конечно излезе на виделина што точно се случило на Филозофскиот факултет. Всушност, испадна дека Факултетот го утврдил пропустот, па по неговo барање ДПИ постапувал и го видел она што веќе и на Факултетот го виделе. А можело да биде и поинаку“, пишува тој.

„Кога минатата година поднесов пријава до ДПИ за неправилен состав на една комисија за оценка и одбрана на докторат (немаше тројца од областа на меѓународното јавно право, од која област беше тезата), инспекторката ме убедуваше дека “од соодветната научна област” било множина а не еднина. И дека Законот всушност предвидувал дека мнозинството во комисијата за докторат треба да е од “од соодветните научни области”, ама јас тоа не сум го разбирал. Згора на се, зошто не сум приговарал дека менторот е од Историја на право, а не од меѓународно јавно право од каде е темата. Плус, ми рече и дека било глупаво да се поништува докторат за такво нешто. И така, ДПИ понекогаш гледа, а понекогаш не може да го види она што сите други го гледаат“, вели професорот Дескоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот