Просечната плата незадржливо расте, тврди државната статистика

Просечната исплатена нето-плата за септември оваа година изнесува 45.466 денари (околу 740 евра), покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Износот на просечната плата е повисок за 9,3 проценти во однос на истиот месец лани.

Зголемувањето на просечната плата најмногу произлегува од растот во три сектори: образованието, каде платите пораснале за 14,9 проценти, здравствената и социјалната заштита со раст од 12,6 проценти, и транспортот и складирањето, каде платите се повисоки за 11,5 проценти во споредба со лани.

Во однос на август, месечен пораст на нето-платата е забележан во преработувачката индустрија (3,5%), јавната управа и одбраната, вклучително и задолжителното социјално осигурување (1,8%) и рударството и вадењето камен (1,1%).

Просечната бруто-плата во септември изнесувала 68.392 денари – што е исто така за 9,3 проценти повисока од минатата година. Најзначителни придонесувачи кон овој пораст се секторите образование (15,1%), здравствена и социјална заштита (12,8%) и транспорт и складирање (10,6%).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот