Пронајдено мртво тело на Плејбој зајачица, оставила и проштално писмо (ФОТО)

Некогашната плејбој зајачица Ешли Матингли почина на 33 години, а веста за нејзината смрт на социјалните мрежи ја потврдија нејзиниот брат близнак Били и сестрата Кристи.

Ешли Матингли / Фото: Фејсбук

„Те сакаме. Ќе ни недостигаш. Летај високо, сестричке, ти си најубав ангел во рајот“, напиша Кристи на Фејсбук.

Иако уште нема официјални информации за смртта, нејзините брат и сестра напишаа дека се работи за самоубиство.

Ешли пред смртта остави проштално писмо, пренесува „ТМЗ“. Нејзиното тело е откриено три дена по смртта, кога загрижен пријател повикал полиција, откако таа претходно не му одговарала на повиците. Ешли во 2011 година беше избрана за Плејбој мис Март.

Ешли пред смртта остави проштално писмо, пренесува „ТМЗ“. Нејзиното тело е откриено три дена по смртта, кога загрижен пријател повикал полиција, откако таа претходно не му одговарала на повиците.

Како што пренесуваат медиумите, Ешли со години се борела против алкохолизмот, а беше и жртва на злоставување.

Некогашната плејбој-зајчица беше во врска со актерот Лејн Гарис, од кого во една прилика се појави и снимка од безбедносните камери на која се гледа како тој ја тепа.

Гарисон се уште не се огласи во врска со нејзината смрт. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот