Пронајдено е телото на Американка која исчезнала во Русија

Американката Кетрин Серу (34) исчезна откако влезе во неидентификуван автомобил во Нижни Новгород. Нејзиното тело беше пронајдено во тој град, источно од Москва, а руската полиција сега уапси човек за кого се сомневаат дека може да биде поврзан со нејзината смрт.

Истражителите накратко известиле дека дотичниот човек имал големо досие за сериозни злосторства.

Американската амбасада во Москва соопшти дека ја потврдила смртта на Кетрин Серу, додавајќи дека будно ја следи руската истрага.

Руските екипи за пребарување го бараа телото на Кетрин во пошумено подрачје надвор од градот, каде што последен пат беше откриен нејзиниот телефонски сигнал.

Нејзината последна комуникација беше СМС-порака што и ја испратила на нејзината мајка во Мисисипи во која таа и напиша:

“Јас сум во автомобил со странец. Се надевам дека не сум киднапирана”.

Кетрин Серу е поранешна членка на американските маринци, која се пресели во Русија по завршувањето на нејзината турнеја во Авганистан во 2019 година за да продолжи со магистер по право на Државниот универзитет Лобачевски во Нижни Новгород.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот