Пронајден човечки труп кај Вранештица, предаден на обдукција

Фото: Слободен Печат. / Драган Митрески

Вчера во 14.10 часот, во ОВР Кичево пријавено е дека во атарот на кичевското село Вранештица, по течението на реката Треска, кај месноста „Капалиште”, пронајден е човечки труп. соопштија ов СВР Охрид.

Увид на местото изврши тим од полициски и медицински екипи, предводен од Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Од СВР Охрид информираат и за пожар во понеделникот во плевна и куќа во кичевското село Горно Другово, сопственост на В.М.(63) од истото село.

Повредени лица нема, а пожарот е изгаснат со интервенција на Територијалната противпожарна единица од Кичево. Увид извршија полициски екипи.

Вчера во 20.10 часот во ОВР Кичево е пријавено дека во угостителски објект на улицата „4 Јули” во Кичево, А.А.(36) од Кичево физички ја нападнал неговата поранешна девојка. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот