Пронајден распаднат човечки труп кај Зрновска река
Вчера во СВР Штип е пријавено дека околу 10:40 часот во с.Зрновци, на место викано Ѓошевски орев, во близина на Зрновска река, е пронајден човечки леш, во фаза на распаѓање. По насоки на јавен обвинител телото е дадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

