Промоција на спотот за евровизиската песна „Here I stand“ денес во Дневник 1 на МРТ

Instagram
Фото: Инстаграм

Промоцијата на спотот за евровизиската песна „Here I stand“, со која ќе не претстави Васил Гарванлиев на 65-то издание на Евровизија во Ротердам ќе се случи денес (четврток) во Дневник 1 на МРТ во 17 часот и 30 минути.

Во денешниот Дневник 1 на МРТ Васил ќе биде специјален гостин, а песната официјално ќе биде објавена и на евровизискиот јутјуб-канал во 18 часот.

https://www.youtube.com/user/eurovision

промо

Песната е работена според мелодија и текст на самиот Васил, а за аранжманот и продукцијата се погрижија Борче Кузмановски и Давор Јордановски.

„И покрај нашата желба да организираме промоција на евровизиската песна со присуство на новинари, со оглед на околностите во државата, воведување полициски час и зголемениот број на заразени од корона вирусот, одлучивме дека сепак е подобро да не организираме собири на кои сите би се изложиле на евентуална опасност и зараза“, соопштија од евровизискиот тим.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот