ПроКредит со кредитна линија ќе ги финансира фотоволтаичните системи што ги нуди ЕВН

Фото: Архива

Кредитната линија е наменета за сите правни лица и е со стимулативната каматна стапка од 3 проценти и 0 отсто провизија при исплата на кредитот.

ЕВН и ПроКредит банка започнаа нова соработка преку која сите бизниси во државата ќе може да ги користат кредитите на ПроКредит банка за финансирање на фотоволтаичните системи што ги нуди ЕВН. Кредитната линија е наменета за сите правни лица и е со стимулативната каматна стапка од 3 проценти и 0 отсто провизија при исплата на кредитот.

На тој начин, како што велат од ЕВН, корисниците ги надминуваат двата најголеми предизвици – потребата од професионална и квалитетна услуга, како и извор за финансирање на проектот. Позитивните ефекти од инсталација на фотоволтаични системи, додаваат, се повеќекратни и затоа одлуката за ваква инвестција е голем чекор за секоја компанија.

Од ЕВН додаваат и дека со инсталирање на овој систем трошоците за електрична енергија може да се намалат и над 30 отсто, а вишокот произведена енергија може да се пласира на пазарот, а поврат на вкупната инвестиција може да се очекува за шест до осум години.

Заинтересираните компании за услугата на ЕВН може подетално да се информираат во Инфо центарот во ГТЦ, или на [email protected], а за кредитната линија на ПроКредит банка компаниите на [email protected] или да закажат состанок со одговорниот тим за кредитирање еко проекти преку телефонот 02/ 2 446 000.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот