Производителите на автомобили имаа „квартал“ од соништата

автомобили
автомобили / фото: EPA/EFE

Благодарение на високите цени на нивните возила, производителите на автомобили ширум светот имаа рекордна продажба во текот на летните месеци и остварија рекорден профит.

Како што открива студијата на консултантската куќа „Ернст и Јанг“, германските концерни ги зазедоа првите позиции во рангирањето на компаниите кои забележаа раст на добивката во третиот квартал.

Во периодот од јуни до септември 2022 година, Фолксваген оствари најголем промет, а Мерцедес- Бенц, најголем профит, објави порталот Каматица.

„Сè на сè, третиот квартал, и покрај економското забавување и многу тешката геополитичка ситуација, беше квартал од соништата за автомобилската индустрија“, вели Константин Гал, раководител на Одделот за мобилност за Западна Европа во Ернст и Јанг.

А што се однесува до вкупната добивка во тековното работење, но и во однос на вкупниот промет на 16-те анализирани компании, ова се најдобрите вредности забележани досега во третиот квартал.

Според консултантската компанија, шеснаесетте најголеми автомобилски концерни во светот го зголемиле прометот во просек за 28 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот