Прогласени се најдобрите пливачи по категории на Зимското национално првенство

Најуспешните пливачи на Зимското национално првенство/фото: Национална пливачка федерација

По завршувањето на сите делови од Зимското национално првенство на базенот „Борис Трајковски“ во Скопје, прогласени се најдобрите пливачи по категории во машка и женска конкуренција.

Претседателот на Националната пливачка федерација на Македонија Горан Стојановски, свечено го отвори Зимското национално првенство во пливање и ги поздрави сите клубови и пливачи, посакувајќи им успех.

Во категоријата Помлади пионери најуспешни се Теодора Колческа (ПК Младост) и Влатко Цеков (ПК Вардар 2018).

Во категоријата Постари пионери најуспешни се Неда Миленковска (ПК Младост) и Давид Јовановски (П.В.К.Орион).

Категорија Помлади пионери
Жени:Теодора Колческа ПК Младост
Мажи:Влатко Цеков ПК Вардар 2018

Категорија Постари пионери
Жени:Неда Миленковска ПК Младост
Мажи:Давид Јовановски П.В.К.Орион

Категорија Кадети
Жени:Сара Јанковиќ ПК Скопје
Мажи:Никола Ѓуретановиќ ПК Вардар 2018

Категорија Младинци
Жени:Сара Јанковиќ ПК Скопје
Мажи:Никола Ѓуретановиќ ПК Вардар 2018

Категорија Сениори
Жени:Сара Јанковиќ ПК Скопје
Мажи:Никола Ѓуретановиќ ПК Вардар 2018

На ова првенство беа остварени и национални рекорди:

Влатко Цеков 50м слободно 27.42 Помлади пионери
4×50м слободно ПК Скопје 1:40.72 (Андреев,Бошнаков,Суботиќ,Андреев)
4×50м слободно ПК Скопје 1:55.11(Јанковиќ,Танаскоска,Симовска,Неделковска)

Влатко Цеков ПК Вардар 2018 50м градно 34.34 Помлади Пионери
Влатко Цеков ПК Вардар 2018 100м градно 1:17.57 Помлади Пионери

Влатко Цеков ПК Вардар 2018 200м мешано 2:30.08 Помлади пионери
Давид Јовановски П.В.К.Орион 50м грбно (индивидуална трка) 28.66 Постари пионери

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот