Професор Стојановски: Турција се обидува да се пазари со бегалците за своите интереси кои ги има во Идлиб
Професорот Трпе Стојановски за „Утрински брифинг“ на „СлободнаТВ“ изјави дека ситуацијата со мигрантите се менува од ден на ден, но дека е можно ставање контрола на воените дејствија.
Препорачано
-Многу тешко ќе се предвидат чекорите во наредните денови, бидејќи можноста да ескалира, до можноста да се смири ситуацијата со мигрантите, се менува од ден на ден. ЕУ се обидува да го менаџира прашањето. Ердоган е во Брисел и охрабрува што воените дејствија е најавено дека ќе бидат ставени под контрола., вели професорот Стојановски.
Тој смета дека е неопходно да се направи разлика меѓу мигранти и бегалци.
-Тоа укажува дека состојбата може да се реши на политички начин. Бројот на мигрантите е многу поголем од што може да се претпостави. Таму има Пакистанци, Авганистанци итн. Мора да се направи разлика помеѓу мигрант и бегалец. Турција е прва држава од истокот кон Европа, која што покажува капацитети да ги менаџира бегалските и мигрантските процеси и во таа смисла, Турција на некој начин е земја, во која што доаѓаат многу поточиња од мигранти, бегалци и всушност, тука се препознава мозаикот на проблемот на тежината, со која што се соочува оваа земја во однос на мигрантите и бегалците, рече Стојановски, кој додаде дека Турција се обидува да се пазари за своите интереси кои ги има во Идлиб.


