Професор од Кембриџ објасни дека спасот од ковид-19 е во провевот: Ја намалува можноста за пренесување на коронавирусот до 80 проценти

Шон Фицџералд, професор на Универзитетот во Кембриџ, рече дека истражувањето покажало дека добра проветреност во затворени простори ја намалува можноста за пренесување на коронавирусот за 70 до 80 проценти.

Фицџералд е член на Кралската инженерска академија во Кембриџ и вели дека секогаш кога може, „проветрува или одвртува прозорци што биле затворени со години“. Ако не можам да отворам прозорец, излегувам од просторијата. Одбивам да бидам во затворена просторија која нема добра вентилација , рече Фицгерланд, а пренесува Би-Би-Си.

Тој ги поддржува препораките на бројни здравствени организации редовно да се мијат рацете, да се одржува социјално растојание и маски, но додава дека вентилацијата треба да биде четвртата точка од списокот на работи што мора да се направат, „сепак, неа воопшто ја нема“, додаде тој.

“Мојата загриженост е дека најстуденото време сè уште не е пристигнато, но веќе можам да видам дека луѓето се забарикадираа поради студот и дека прозорците им се претежно затворени. Се плашам дека со новиот далеку позаразен вид на ковида 19, мора да разбереме дека сега е многу важно да ги одржуваме аеросолите во воздухот на неспоредливо пониско ниво “, заклучи тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот