Продолжува сагата за разводот на Бил Гејтс и Мелинда: Соработниците со нови детали за аферите

мелинда бил гејтс
Фото: EPA-EFE/JEAN-CHRISTOPHE BOTT

Бил Гејтс доаѓал на работа во Мерцедес, а си одел во златно-кафено Порше… До работа го возел неговиот асистент, тврдат соработници блиски до Гејтс кои сметаат дека тоа била тактиката користена за да се среќава со други жени додека бил во брак.

„Претпоставувавме дека го прави тоа кога се среќава со други жени“, изјави еден од вработените во „Мајкрософт“. „Знаев и дека често оди на некои состаноци кои не беа наведени во неговиот календар“, пренесува „Vanity Fair“.

Profimedia
Profimedia

Два неименувани извори за списанието изјавија дека некој од кругот на Мелинда соработувал со приватен детектив што всушност и довело до поднесување на барањето за развод. Откритијата на приватниот детектив ќе бидат вклучени во парницата за развод.

„Ни Мелинда, ни некој од нејзините блиски луѓе немаат најмено приватен детектив“, ја отфрлија изјавата претставниците на Мелинда нарекувајќи ја „апсолутно лажна“.

epa-efe
EPA-EFE/JULIEN DE ROSA

Во оваа фаза од процесите на развод станува очигледна двојната природа на Бил Гејст. Многу од неговите вработени низ годините објавувале дека е многу тежок човек за работа, но многу од изјавите за него биле потиснати од склучените договори со вработените. Вработените во „Мајкрософт“ морале да потпишуваат договори за тајност во кои им е забрането да зборуваат за начинот на кој Гејтс ја управува компанијата.

Им се додворувал на вработените?

Во мај „The New York Times“ извести дека Гејтс често им се додворувал на жените кои работеле за него додека бил преседател на „Мајкрософт“. Наводно, на една од вработените ѝ испратил меил со покана за вечера, додека друга наводно ја повикал на состанок додека биле заедно на службен пат.

Неколку поранешни и сегашни работници во тој период откриле дека ваквите инциденти прават „неудобна“ работна атмосфера, а животот на Бил Гејтс станал мета на трачеви меѓу вработените.

Милијардерот не бил „цвеќе за мирисање“: Мистериозната убавица е главен виновник за разводот на Бил и Мелинда Гејтс

Во 2019 управниот одбор на „Мајкрософт“ отворил истрага за неговото однесување, а Гејтс отстапил од својата позиција во истиот уште следната година, откако фирмата ангажирала адвокатска канцеларија која била задолжена да ги истражи наводите.

Портпаролката за односи со јавноста изјави дека „одлуката за неговото напуштање на управниот одбор“ нема никаква врска со аферите, а самиот Гејтс ја опиша како „непромислена и дел од минатото“.

Поранешен работник го нарече Гејтс „безмилосен“ и „снисходлив“. „Ќе ви поставеше прашање, а кога ќе одговоревте, ќе ве погледнеше и викаше: – Тоа НЕ Е точниот одговор!“, ја опишува работата со могулот.

Развод по 27 години брак

Бил и Мелинда Гејтс се разведуваат

„Во изминатите 27 години израснавме три извонредни деца и изградивме темел кој дејствува во целиот свет и им овозможува на луѓето здрав и продуктивен живот. Сè уште веруваме во таа мисија и ќе ја продолжиме заедничката работа во фондацијата, но веќе не веруваме дека можеме заедно да растеме како пар во следната фаза на нашиот живот“, стоеше во соопштението за јавноста кога Мелинда и Бил Гејтс официјално ја соопштија веста за нивниот развод.

Во брак беа 27 години, тие се запознале на крајот од 1980-тите години кога Мелинда се придружила на фирмата на Бил, а се венчале во 1994 година. Заедно имаат три деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот