Продадете го Озил и ќе добиете екстра играч! (ВИДЕО)

Тие се зборовите на техничкиот директор на холандскиот клуб Ајакс, Марк Овермарс кој своевремено како професионален фудбалер ги бранеше боите на Арсенал.

Холандската легенда со „топчиите“ ја има еднаш освоено титулата во Премиер лигата во сезоната 1997/98.

Овермарс на својот поранешен клуб му го препорачува талентираниот марокански фудбалер, играчот за врска во нападот Зијеш кој минатата сезона за Ајакс имаше учинок од 21 гол и 24 асистенции.

Во својот договор има откупна клаузула од 35 милиони евра.

– Изненадум сум што ништо не се говори околу Хаким. Мислам дека станува збор за еден многу добар фудбалер чиј развој е сè поголем. Има одлична статистика и многу клубови покажаа интерес за неговите услуги. Продадете го Озил и ќе го добиете Хаким за половина цена. Но, Арсенал не сакаше да ме слушне и можно е играчот да остане во Ајакс – рече Овермарс за холандските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот