Продадени се повеќе од 15.000 билети за хуманитарниот натпревар помеѓу ФК Вардар и Црвена звезда
Хуманитарниот натпревар во корист на настраданите од трагедијата во Кочани, помеѓу фудбалскиот клуб Вардар од Скопје и Црвена звезда од Белград, Србија, предизвикува огромен интерес. На девет дена до натпреварот продадени се повеќе од 15.000 билети.
Препорачано
Сите средства од билетите ќе се донираат за семејствата на настраданите во пожарот во Кочани.
Управата на ФК Вардар замолува посетителите да влезат на стадионот најмалку половина час порано, односно околу 19.30 часот. Со цел да се избегнат гужвите при влегувањето.
Фан зоната на гостинскиот клуб ќе биде лоцирана кај фонтаната во Градскиот парк. ФК Вардар ги замолува гостинските навивачи да купуваат влезници за Источната трибина.
Билетите се стриктно нумерирани и броени, така да нема да има никакво неовластено и прекумерно влегување на натпреварот.
Возила без VIP и V-VIP акредитации нема да можат да влегуваат и да се паркираат околу стадионот, односно нема да можат да се движат во правец на стадионот подалеку од Министерството за земјоделство.
Влезот за хендикепирани лица кои се движат со помош на инвалидски колички ќе биде од сервисниот влез на југо-исток, а ќе можат да бидат придружувани од едно лице. За тие лица да можат да добијат билет/дозвола за влез, предходно треба да се пријавата на e-mail: [email protected]


