Продадени речиси 2,5 милиони билети за Мундијалот во Катар

Катар е домаќин на Светското првенство во фудбал што ќе се одржи од 20 ноември до 18 декември/фото: EPA-EFE/NOUSHAD THEKKAYIL

Светската фудбалска федерација (ФИФА) соопшти дека досега се продадени 2,45 милиони билети за натпреварите на Светското првенство што во ноември и декември ќе се одржи во Катар.

Во последната фаза од продажбата на билетите која заврши неделава се продадени нешто повеќе од 500.000 билети. Меѓу најбараните билети во оваа фаза од продажбата се за натпреварите на селекцијата на Бразил против Србија и Камерун во рамки на групата Г.

Билети највеќе купувале навивачи од Катар и од соседните земји Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, по што следат фановите од САД, Англија, Мексико, Аргентина, Франција, Бразил и Германија. Најевтините билети за навивачите кои не се од Катар изнесуваат 69 долари.

Светското првенство во Катар кое започнува на 20 ноември и ќе трае се до 18 декември ќе се игра на осум стадиони и се очекува да бидат продадени сите билети за 64-те натпревари, околу 3 милиони билети.

Околу два милиони билети беа пуштени или ќе се пуштат повторно во продажба, додека еден милион билети се доделени на фудбалските федерации, спонзорите , партнерите на ФИФА.

ФИФА претходно соопшти дека добила околу три милиони апликации за финалниот натпревар што треба да се игра на 18 декември на стадионот „Лусаил“ кој има капацитет од 80.000 луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот