Прочистете го организмот природно: Намирници што помагаат во исфрлање на никотинот од телото
Доколку се обидувате да престанете со пушење, одредени намирници можат да ви помогнат побрзо да го исфрлите никотинот од телото и да го зајакнете организмот во периодот на одвикнување.
Препорачано
Коприва
Копривата е особено корисна бидејќи е богата со железо и делува како природен детоксикатор. Таа го зајакнува имунитетот и помага во борба против инфекции – што е важно додека телото се ослободува од никотинот.
Зеленчук што ја намалува желбата за никотин
Целерот, тиквиците, модриот патлиџан, гравот и краставицата можат да помогнат во намалување на зависноста. Се препорачува да се избегнува прекумерна консумација на зеленчук со висок процент на шеќери, бидејќи глукозата може да ги активира центрите во мозокот поврзани со чувство на задоволство и да ја засили желбата.
Портокал и киви
Портокалите се богати со витамин Ц, кој го забрзува метаболизмот и помага побрзо да се елиминира никотинот, а истовремено го намалува стресот. Кивито, исто така, помага во детоксикација и ги надоместува витамините А, Ц и Е, чие ниво се намалува поради пушењето.
Сок од морков
Сокот од морков содржи витамини А, Б, Ц и К, кои придонесуваат за исфрлање на никотинот. Бидејќи пушењето негативно влијае на кожата, овие витамини помагаат и во нејзина регенерација.
Брокула
Брокулата е богата со витамини Б5 и Ц, кои го зајакнуваат организмот. Таа содржи и соединенија што ги штитат белите дробови од оштетувања предизвикани од токсини.
Спанаќ
Спанаќот е богат со витамини и фолна киселина и може да помогне во процесот на чистење на организмот од никотин.
Иако овие намирници можат да помогнат, најважен чекор е целосното прекинување со пушење и постепено градење поздрави навики. Комбинацијата од правилна исхрана, хидратација и физичка активност значително го олеснува процесот на одвикнување.


