Проблеми за филмската индустрија, се забранува снимањето на љубовни сцени

принтскрин

Како што пренесуваат странските медиуми, снимањето на љубовни сцени во Холивуд ќе биде забрането, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

Аманда Блументал, чија професија и задача е да им обезбеди сигурност на актерите за време на снимањето на провокативните и секси сцени, изјави дека е многу веројатно дека актерите нема да сакаат да се бакнуваат во уста со своите колеги. Таа откри дека и пред воведувањето на карантин, неколку актери негодувале поради снимањето на сцени со бакнување, пишува „The Wrap“.

Големите филмски продукции подготвуваат проекти кои на актерите од списокот А (список со најценетите актери) ќе им овозможат заштита на сетот и надвор од него. Ова, најверојатно, ќе резултира со задолжително тестирање на коронавирус, како за ѕвездите така и за тимот што снима.

Слична е и ситуацијата во филмската индустрија на Тајланд. Властите во земјата им наложија на режисерите да не снимаат љубовни сцени или сцени со борба, или кој било друг вид на сцена што вклучува близок контакт со актерите.

Локалниот секретаријат за култура издаде наредба дека снимањата мора да се одвиваат во проветрени простории каде што не смеат да престојуваат повеќе од педесет лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот