Кошаркарите на Јута џез, Донован Мичел и Руди Гобер потполно се опоравија од коронавирусот, но според пишувањето на медиумите, нивниот однос е нарушен.
Гобер на 11. март беше позитивен на ковид-19 и во истиот момент челниците на НБА лигата го прекинаа шампионатот. Неколку дена подоцна Јута објави дека поради неодговорното однесување на Гобер, позитивен на коронавирус е и Донован Мичел, што ги влоши односите помеѓу двајцата кошаркари.
Месец дена подоцна, и двајцата кошаркари се излечени од коронавирусот, но нивните односи никогаш нема да се подобрат.
Мичел е фрустриран поради односот на Гобер во соблекувалната и несериозното однесување кое дозволи и тој да биде заразен, па едноставно повеќе не сака да го види својот соиграч, пишува сајтот Атлетик.
Бекот на Јута е толку лут на својот соиграч што ги одбил напорите на управата на Гобер да му се извини.
Доколку не се подобрат одностите помеѓу двајцата соиграчи се очекува еден од двајцата одлични кошаркари да ја напуштат Јута.