Фото: МВР

Притвор за макрото поради кој 23-годишна девојка од Косово сакаше да скока од прозорец

Основното јавно обвинителство Тетово соопшти дека повело постапка против 48-годишен жител на градот, кој е осомничен за кривично дело – Посредување при вршење проституција од член 191 став 2 од Кривичниот законик.

Станува збор за макрото кој минатата недела самиот пријавил во полиција дека 23-годишна девојка, која во мотел се занимавала со проституција, се заканува дека ќе скокне од прозорецот на мотелот.

Полицајци ја спречија девојката да се самоповреди, а макрото беше уапсен.

„Осомничениот делото го вршел во неколку наврати во последните два месеци, обезбедувајќи клиенти за 23-годишна косовска државјанка сместена во неговиот мотел. Таа сексуалните услуги ги наплаќала, а поголемиот дел од заработката му го давала на осомничениот“, велат од Обвинителството.

По предлог на јавниот обвинител на осомничениот му е определена мерка притвор, додека жртвата е сместена во транзитен центар за странци до завршување на постапката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот