ВИДЕО: Драма во Тетово – полицајци спречија девојка да скокне од прозорец на мотел
Тетовски полицајци денеска спречиле девојка да изврши самоубиство со скокање од прозорецот на мотел во градот, а во исто време, СВР Тетово соопшти дека е уапсен и маж кој го пријавил случајот, кој е осомничен за посредување во вршење проституција.
Препорачано
„Денес, во 14.35 по претходна пријава од Л.К., дека по недоразбирање со женско лице кое не сака да го напушти мотелот, од страна на полициските службеници од СВР Тетово на местото било констатирано дека женско лице стоело на работ на прозорот од собата на хотелот со закана дека ќе скокне или ќе се самоповреди со остар предмет кој го држела во раката. По наредба на јавен обвинител полициските службеници насилно ја отвориле вратата на собата и ја спречиле девојката во својата намера“, велат од полицијата.
Девојката е пренесена во Клиничката болница во Тетово, каде ѝ е укажана лекарска помош.
„Во меѓувреме, полицијата го лишила од слобода Л.К. под сомнение за посредување на проституција. Во акцијата еден полициски службеник е полесно повреден. По завршување на истрагата, ќе бидат поднесени соодветни пријави“, се додава во полициското соопштение.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5час
-
5час
-
6час
-
6час
-
6час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


