Принцот Чарлс конечно прогласен за крал, но на Инстаграм
Многу медиуми во последно време пишуваат дека круната на 71-годишниот принц Чарлс ќе му ја одземе неговиот постар син, 37-годишниот принц Вилијам. Сепак, како што пишува магазинот „New Idea”, принцот Чарлс конечно дочекал да биде назначен за крал.
За тоа кој и кога, по 94-годишната кралица Елизабета Втора, ќе ја преземе круната и ќе седне на британскиот престол, се шпекулира со месеци.
Имено, како што за именуваниот магазин откри експертот за кралското семејство Пени Џуниор, пандемијата на коронавирус, што се шири низ целиот свет, на принцот Чарлс му влијаела одлично, па 71-годишниот, откако го надмина самиот Ковид-19, ја искористи изолацијата за да се приближи до фановите.
Преку неговиот официјален профил на Инстаграм, британскиот наследник на престолот секојдневно комуницира со своите следбеници, со што се зголеми неговата популарност на споменатата мрежа.
Голем број на луѓе добија можност да слушаат што вели принцот, па многумина успеале да се идентификуваат со него. Токму заради тоа, Пени изјави дека Чарлс неофицијално е прогласен за крал на Инстаграм поради неговиот ангажман на оваа социјална мрежа во последните неколку месеци.