Принцезата Ана упати остри критики за Меган и Хари

инстаграм

Веста за откажувањето од кралските титули на Меган Маркл и принцот Хари пред неколку месеци одекна како вистинска бомба во светските медиуми, а и покрај тоа што од тој нивен потег помина веќе некое време, се чини дека некои членови на кралското семејство имаат и тоа како што да кажат на оваа тема.

Така 69-годишната принцеза Ана одлучи јавно да проговори и да открие што мисли за тоа, па така на дописничката за „Венити Фер“, Кејти Никол и кажала дека она се сметала за таа која е „будалеста“ и која ја искушувала вредноста и пристапот до филантропијата, додека се чини дека членовите на новите генерации, вклучувајќи ги и Меган и Хари, се движат во некои нови патишта и започнуваат сопствени хуманитарни организации, како на пример „Archewell“ од САД.

View this post on Instagram

#PrincessAnne #princessroyal #britishmonarchy

A post shared by PrincessAnne/PrincessRoyal (@anne_princessroyal) on

Ана не ги именуваше, но со оглед на тоа дека тие на почетокот оваа година се откажаа од кралските титули но и започнаа со сопствена хуманитарна работа, јасно е како ден дека нејзините зборови се однесуваат првенствено на нив.

– Мислам дека оваа млада генерација веројатно не знае што правев во минатото и тоа воглавно е точно, зар не? Денес не е потребно да се осврнуваме на минатите генерации и да се запрашуваме кој и што правел, туку денес сите бараат некои свои, нови начини. Но, ве молам, не го измислувајте она што веќе е измислено. Бевме таму, го правевме тоа. Некои од овие работи не функционираат и можеби ќе морате, да им се вратите на основите, изјави принцезата која во последните 10 години работи на основите на хуманитарната организација „Save The Children“, чиј спонзор е кралството.

Таа само во текот на минатата година одработила 500 одделни кралски ангажмани, а иако наскоро и навршува 70-от роденден, нема знаци дека таа ќе се повлече. Со тоа укажа на примерот на својата мајка и татко, 94-годишната кралица Елизабета и 98-годишниот принц Филип кои се во пензија од 2017 година, но кралицата ќе продолжи и оваа година со обавувањето на своите должности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот