Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон се огласија: Ја поддржуваат Украина

Кејт и Вилијам, Фото: Профимедиа

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон се придружија на осудата на Путиновата агресија кон Украина и се огласија на својот твитер-профил по руската инвазија. Тие истакнаа дека ги поддржуваат Украинците.

„Во октомври 2020 година, имавме привилегија да се сретнеме со претседателот Зеленски и првата дама и да дознаеме за нивната надеж и оптимизам за иднината на Украина. Денеска го поддржуваме претседателот и целиот украински народ додека храбро се борат за таа иднина“, напишаа тие.

ФОТО | Оваа жена е најголемата поддршка на украинскиот претседател: Олена Зеленска, првата дама ги охрабри сите Украинци

ФОТО | Принцот Хари и Меган застанаа на страната од Украина

Изјавата на Кејт и Вилијам дојде откако Меган Маркл и принцот Хари во четвртокот на нивната веб-страница на фондацијата „Арчевел“ и ги повикаа светските лидери да ја осудат руската инвазија.

„Принцот Хари и Меган, војводата и војвотката од Сасекс и сите ние во Арчвел стоиме со народот на Украина против ова прекршување на меѓународното и хуманитарното право и ја охрабруваме глобалната заедница и нејзините водачи да го сторат истото“, беше напишано во соопштението во четвртокот.

 

Украинката која се откажа од Евровизија, снимала филм во Македонија: Интервју со режисерите Кирил Каракаш и Светислав Подлешанов

ФОТО | Чудото на Киев: Првата надеж од Украина, во засолниште се роди бебенце

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот