Фото: илустрација / Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

Прилепчанец ограбил фарма за кокошки, брат му не давал полицајците да го носат во станица

Двајца браќа од Прилеп вчера биле уапсени откако во колата на едниот полицијата нашла предмети украдени од живинарска фарма, а другиот дошол и застанал пред полициското возило, агресивно не давајќи им на полицајците да го однесат брат му во полициска станица, соопшти МВР.

„На 10.02.2026 во 15:00 часот во с.Сенокос, општина Долнени, полициски службеници од Полициското одделение Ропотово го лишија од слобода Х.К.(34) од Прилеп. При преглед во неговото патничко возило биле пронајдени предмети за кои постои сомнение дека ги украл од живинарска фарма во с.Долнени, а кои претходно биле пријавени за украдени. Подоцна, од слобода бил лишен и неговиот брат Б.К.(32) затоа што на ул.„Орде Чопела“ во Прилеп застанал пред полициското возило, се обидел да го спречи транспортот до ОВР Прилеп и агресивно се однесувал кон полициските службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на случајот, против двајцата ќе следува соодветна пријава“, пишува во полицискиот билтен.

Среќата со туѓи пари не се купува: вработен во кладилница во Враништа се коцкал со прометот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот