Приказна од која се крши срцето: Се венчале тајно само неколку месеци пред неговата смрт, била со него до самиот крај (ФОТО)

Тејлор Симон Ледвард е сопругата на трагично починатиот актер Чедвик Босман, а парот пет години бил во врска. Се венчале во тајност на крајот на минатата година.

Фото: Твитер

Американскиот актер Чедвик Босман почина на 43-годишна возраст од рак на дебелото црево со кој се борел цели 4 години, а бројните колеги по пат на социјалните мрежи се простуваат од актерот.

Фото: Инстаграм

Босман починал во својот дом, а последните моменти ги поминал во најтесниот круг на семејството. Со него била и сопругата Тејлор Симон Ледвард со која Чедвик се венчал во тајност неколку месеци пред смртта. Тој ја запросил Тејлор во ноември минатата година, а се венчале пред најблиските роднини и пријатели, неколку недели пред неговата болест да се влоши, пренесува „Mirror”.

Фото: Профимедиа

Сè додека не му стана редовна придружба на црвените теписи, Чедвик и Тејлор ги криеја деталите од својата врска. Тејлор е пејачка која во 2014 година на Универзитетот Помона во Клифорнија завршила Музичка академија, а за време на студиите била главна вокалистка на локалниот џез бенд.

Фото: Профимедиа

Врската со холивудскиот актер ја потврди во 2015 година, а во тоа време за прв пат беа видени заедно.

Фото: Твитер

Јавноста по смртта на Чедвик дозна дека ракот на дебелото црево му бил дијагностициран една година откако ја започнал врската со Тејлор. Таа останала покрај него до самиот крај, а парот никогаш не криел колку е среќен и заљубен. Членовите на семејството, пријателите и бројните колеги коментирале дека Чедвик и Тејлор биле пресреќни заедно, дури и во најтешките моменти.

За последен пат тие заедно се појавија во јавноста на НБА натпревар во Чикаго, во февруари оваа година.

Фото: Твитер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот