Пријателството на принцот Хари со идната прва дама на Америка Џил Бајден мета на критики: Премолчено политичко поддржување

Profimedia
Image: 284547662, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: Paul Hennessy / Alamy / Alamy / Profimedia

Се чини како принцот Хари постојано да е „вмешат“ во контроверзии. Ова се случува сè почесто по неговата одлука да „влезе“ во американската политика. Всушност, принцот бил добар пријател со идната прва дама на Америка, д-р Џил Бајден. Тие се запознале пред седум години кога тој сè уште ја претставуваше Велика Британија како истакнат член на Кралското семејство.

Profimedia
Profimedia

Но, ова пријателство ја „вознемири“ и „збуни“ јавноста во Велика Британија. Тоа датира уште пред неколку месеци откако тој и неговата сопруга Меган објавија видео во кое ги повикуваат Американците да ја „отфрлат омразата“ и да гласаат на претседателските избори.

Јавноста а воедно и голем дел од странските медиуми тоа го „протолкуваа“ како напад врз Доналд Трамп, кој одговори на видеото велејќи дека тој не ја „обожава“ Меган и дека му посакува на Хари „многу среќа“ со неа „затоа што ќе му требала“.

Instagram
Instagram

Факт е дека од членовите на Кралското семејство се очекува да останат политички неутрални во секое време, а Бакингемската палата одлучи да се огради од овие изјави, велејќи дека тој веќе „не е официјален член на кралското семејство“ и дека неговите изјави се „лични“.

И покрај нивната 33-годишна разлика во возраста, за Џил и Хари се вели дека се поврзале заради нивните заеднички воени врски. Принцот помина 10 години служејќи во британската армија, додека покојниот посинок на Џил, Бо бил член со висок чин во американската војска. Долгогодишното пријателство на Хари и Џил започнало уште во мај 2013 година, кога се сретнале на приемот за ранети војници од Америка и Велика Британија во Вашингтон.

Profimedia
Profimedia

Неодамна Џо се пошегува дека е „малку загрижен“ за тоа колку време поминуваат заедно Хари и Џил.

Џил отиде во Лондон на последните инаугуративни игри. Таа поминува премногу време со принцот Хари“, беше неговата изјава.

Семејство Бајден присуствуваа и на Игрите во Торонто во 2017 година, истата година кога Хари за прв пат се појави во јавноста со Меган.

Instagram
Instagram

Затоа сега, многумина, пријателството на Хари со Џил го сметаат за пристрасност иако станува збор само неколку службени средби. Кралските експерти се со различни ставови. Кралскиот биограф Роберт Џобсон за „Daily Mail“ изјави дека „можеби е полесно“ за Меган и Хари што целосно се откажаа од кралските титули со оглед на „деловната и политичката агенда што се чини дека сакаат да ја водат“.

Profimedia
Profimedia

Потпаролот на принцот Хари „одби да го коментира моменталниот статус на врската на Хари со Бајден“, сепак, со оглед на негодувањето во јавноста поради одлуката и интересот на принцот за американската политика.

По изборите, и Хари и Меган останаа воздржани и не зборуваат за политика. Иако ниту еден од двајцата отворено не ја изрази својата поддршка за еден конкретен кандидат пред изборите, но зборува фактот дека Меган претходно отворено зборување дека „не го сака претседателот Трамп“, опишувајќи го како „мазогинист“ во 2016 година, кратко откако помеби на изборите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот