Пријателски натпревари: Шкендија загуби од ЦСКА 1948, Работнички ремизираше со Пелистер

фото: facebook.com/fcCSKA48

Фудбалските клубови се подготвуваат за вториот дел од сезоната, а покрај тренинзите формата се темпира и со играње на контролни мечеви.

Во Охрид денеска реми одиграа екипите на Работнички и Пелистер со конечен резултат 1:1.

Погодокот за скопските „романтичари“ беше Кире Маркоски, а кај битолчани единствениот гол го постигна Борче Маневски.

Составот на Шкендија претрпе пораз (0:2) од тимот на ЦСКА 1948 на подготовките во Турција. Бугарите славеа со головите на Ангел Бастунов во третата и Лазар Марин во 81 минута. Тетовските „црвено-црни“ претходно тестираа и против словенечката Мура (1:1).

Пријателски натпревар имаше и во Струга каде тимот на Брегалница со голот на Рудолф Благоџи во 12 минута триумфираше со 1:0 над Караорман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот