Пријателките ја молат љубовницата на Путин да го притисне да ја прекине војната

Алина Кабаева
Алина Кабаева и Владимир Путин / Фото: Profimedia / EPA-EFE
Наводната љубовница на Владимир Путин, Алина Кабаева, според пишувањата на американските таблоиди, во моментов се крие во замок со нивните четири деца во Швајцарија, а нејзините пријателки ја молат да се врати во Москва и да ја прекине војната, тврдат извори, пишува американскиот таблоид „Пејџ сикс“.
Фото: Профимедиа

Имено, на Алина ѝ се заканува депортација од Швајцарија, а нејзините пријателки веруваат дека сега е идеална можност да одлета назад во Русија и да разговара со Путин.

„Пријателките на Алина ја молат да одлета кај Путин и да го убеди да ја прекине војната. Изгледа дека тој не слуша никого, но можеби неа ќе ја послуша“, рекол изворот.
Сепак, тој додал и дека Путин е многу сигурен и дека постои шанса Алина воопшто да не може да дојде до него.
Фото: Профимедиа

Дури и да сака, не знае дали ќе може повторно да биде со нивните деца.

Кабаева е 38-годишна поранешна гимнастичарка со олимписко злато, а со 69-годишниот Путин наводно има четири деца. Иако за нивната врска се шпекулира уште по неговиот развод со Људмила, тие двајца никогаш не зборувале за својот однос.

Откако се шпекулира за нејзината врска со Путин, Алина ги проретчи појавувањата на јавните настапи. Таа неодамна се огласи за руската инвазија на Украина.

– Верувам дека никогаш немало посрамотна страница во историјата на светскиот спорт. Раководството на многу меѓународни спортски организации долго време и под разни изговори се занимава со целосно неспортски работи. Сега веќе и не се кријат. Нивната „загриженост“ за светот е лицемерна како и борбата за чист спорт – изјавила Алина за дневниот весник „Спорт експрес“.

Фото: Профимедиа

Потсетуваме, медиумите на почетокот на март објавија дека Путин ги крие Алина и нивните четири деца во Швајцарија – две момчиња и две девојчиња.

Алина и Путин никогаш не ја признаа аферата. Беше објавено и дека таа има неколку пасоши под различни имиња и националности.

Русите, Белорусите и Украинците покренаа петиција до швајцарските власти за протерување на Алина од земјата. Досега, повеќе од 57.000 луѓе ја потпишале петицијата.

Таа наводно се крие со своите деца во луксузна вила во близина на границата со Франција.

Во јавноста испливаа досега невидени фотографии од ќерките на Путин (ФОТО)

Љубовницата на Путин и нивните деца се кријат во Швајцарија?

Алина Кабаева – тајната прва дама на Русија: Љубовницата на Путин првпат се појави во јавноста по две и пол години

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот