Алина Кабаева – тајната прва дама на Русија: Љубовницата на Путин првпат се појави во јавноста по две и пол години

Фото: Instagram

Кабаева гостувала на руската национална телевизија за да ги критикува судиите на Олимписките игри во Токио.

Руската гимнастичарка и освојувачка на златен олимписки медал Алина Кабаева (37) се повлече од јавниот живот кога во 2018 година почна да се шушка дека очекува близнаци со рускиот претседател Владимир Путин (68).

Две и пол години во илегала

Алина сега се појави во јавноста за првпат по две и пол години. Поранешната гимнастичарка беше членка на партијата на Путин Единствена Русија и шефица на Националната медиумска група, а наводно ја започнала врската со Путин пред 12 години.

Кабаева гостувала на руската национална телевизија за да ги критикува судиите на Олимписките игри во Токио, кои, според нејзиното мислење, ја оштетиле нејзината колешка, гимнастичката ѕвезда Дина Аверина.

Аверина освои сребро во ритмичка гимнастика, а Кабаева тоа го нарекла неправда, па го нападнала и настапот на освојувачката на златниот медал, Израелката Линој Ашрам, пишува „Мирор“, кој објави и снимка од нејзиниот настап на телевизија.


Настапот на Дина Аверина беше совршен. За разлика од нејзината ривалка од Израел, која направи голема грешка. Таа грешка требаше да вреди еден поен, но тие зедоа само 0,7 поени. Златни медали не се освојуваат со такви грешки. Им требаше шест минути за да ѝ дадат поени. Доцнењето значи дека судиите ги броеле бодовите и не сакале Аверина да ја победи израелската гимнастичарка, тврдела Кабаева.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dina Averina (@dina.averinaa)


При нејзиното појавување на телевизија, многу гледачи го забележале прстенот на нејзината рака што повторно предизвика гласини дека се омажила. Приватниот живот на Алина се смета за една од најголемите тајни.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dina Averina (@dina.averinaa)


Алина и во минатото била видена со венчален прстен, но никогаш не се дозна дали поранешната гимнастичарка навистина е во брак или не.

Родила близнаци
Гласините дека е во врска со Путин се појавија уште во 2008 година, а и покрај негирањето, многумина веруваат дека таа е тајната прва дама на Русија.


Иако нејзиниот портпарол рекол дека нема да коментираат, медиумите дознаа во април 2019 година дека четвртиот ВИП-кат на Медицинскиот центар Кулаков во Москва тогаш бил затворен. Приказната за тоа дека Кабаева родила, на своето веб-издание ја објави познатиот весник „Московски комсомолец“, но кратко потоа целиот напис беше избришан. Сепак, некои независни новинари објавија дека Кабаева се породила со царски рез.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот