Приходите на ЈП „Градски паркинг” намалени за 30 % поради пандемијата

Градски паркинг/ Фото: МИА

Билансот на успех за периодот од 1 јануари до 30 јуни покажува дека приходите на претпријатието се намалиле за речиси 30% во однос на истиот период минатата година.

ЈП „Градски паркинг” во шестмесечниот извештај за работењето на претпријатието констатира дека има значајно намалување на приходите споредено со истиот период минатата година.

– Билансот на успех за периодот од 1 јануари до 30 јуни покажува дека приходите на претпријатието се намалиле за речиси 30% во однос на истиот период минатата година. Намалувањето, во голема мера се должи на падот на оперативните приходи – приходи од паркирање и приходи од отстранување на непрописно паркирани возила како последица на здравствената криза предизвикана од вирусот Ковид19, информираат од прес-службата на Град Скопје.

Оттаму посочуваат дека во периодот на вонредна состојба, паркинзите функционираа со намален обем на работа, што е случај и кај пајак-службата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот