Прифатени 8.330 приговори за домашната платежна картичка

Остануваат за проверка уште 245 приговори од страна на Министерството за образование и наука и 506 приговори од Фондот за здравствено осигурување, кои треба наскоро да се завршат и усвоените приговори да се дадат за изработка на картички на банките, соопшти Ангеловска.

Речиси сите приговори за домашната платежна картичка се проверени и се прифатени 18 проценти или 8.330. Лицата се додадени на kupuvamdomasno.gov.mk, банките се известени и ги печатат картичките, објави на својот профил на Фејсбук министерката за финансии Нина Ангеловска.

Вкупната финансиска поддршка која ќе биде доделена на овие лица преку нивните домашни платежни картички изнесува 29 милиони денари.

Според Ангеловска, остануваат за проверка уште 245 приговори од страна на Министерството за образование и наука и 506 приговори од Фондот за здравствено осигурување, кои треба наскоро да се завршат и усвоените приговори да се дадат за изработка на картички на банките.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот