Приближувајќи се кон Мексико, „Грејс” премина во ураган

Метеоролозите соопштија дека тропската бура „Грејс” денеска се засили во ураган, приближувајќи се кон брегот на Мексико, и се закани со пороен дожд, поплави и големи бранови.

Во сила е предупредување за ураган за голем број приморски летувалишта, вклучувајќи го и Канкун на мексиканскиот полуостров Јукатан, соопшти американскиот Национален центар за урагани (НХЦ) во Мајами.

Попладнево, ураганот имаше максимални придружни ветрови со брзина од 120 километри на час. Се наоѓаше на 560 километри источно од мексиканскиот град Тулум и се очекува да се интензивира пред да стигне на копно утре наутро, откако веќе предизвика поплави на островот Хаити.

Во супермаркетите во Канкун некои жителе веќе започнаа да складираат храна, подготвувајќи се за пристигнувањето на ураганот, иако властите повикаат да не се создава паника при пазарувањето.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот