Превкусен новогодишен деликатес од Дијана Иваноска: Медени колачи со ѓумбир
Животот навистина може да биде беспрекорно „вкусен“, а тоа го потврдува и Дијана Иваноска од Тетово, која со својот талент за комбинација на вкусови, нè носи на едно исклучително гастрономско патување.
Препорачано
Иваноска стои зад инстаграм-профилот „Dash of Spice“ и ни ги открива малите тајни за создавање магија од вкусови.
Инвентивната Дијана денеска споделува рецепт за едно новогодишно гастрономско уживање – медени колачиња со ѓумбир.
Состојки:
– 150 г мед
– 100 г шеќер
– 1 лажиче цимет
– 1 лажиче ѓумбир во прав
– 1/2 лажиче каранфилче (опционално)
– 2 лажички сода бикарбона
– 130 г путер
– 1 јајце
– 400-450 г брашно

Подготовка:
Во тенџерче на оган ставете ги медот, шеќерот и зачините. Кога ќе зоврие, тргнете го од оган и додајте ја сода бикарбоната.
Смесата ќе почне да се пени и ќе се зголеми.
Постепено мешајќи додајте го путерот. Откако ќе се изедначи смесата, додајте го и јајцето.
Со брашното замесете тесто.
Развлечете го тестото меѓу две парчиња хартија за печење.
Ставете го во фрижидер на еден час.
Со калап сечете колачи и ставете ги на тава обложена со хартија за печење.
Печете 10 минути на температура од 175 степени Целзиусови.
Декорирајте по желба.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
14мин
-
43мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


