Превентива и ран скрининг клучни за намалување на ризикот од појава на рак на дојка

 Овој ден е посветен и на превентивата, но и на тие кои се борат се уште со болеста и секако да се потсетиме на тие кои за жал ја изгубиле оваа битка, истакна Елизабета Ѓоргиевска, професор на Стоматолошкиот факултет и сопруга на претседателот Стево Пендаровски на настанот, што по повод кампањата за борба против рак на дојка „Race for the cure”, денеска го организираше Здружението „Борка – за секој нов ден”.

Овој настан, посочи Ѓоргиевска, се одржува многу години со цел да се даде акцент на превентивата и раното откривање на ракот на дојката.

– Превентивата е најважна и затоа апелирам сите да се свесни дека практично здравиот начин на живот, правилната исхрана, намалувањето на конзумирањето алкохол, пушењето, но секако и доењето, се едни од главните фактори што доведуваат до намалување на ризикот на појава на ова заболување. Од друга страна раното откривање преку самопрегледите, скринингот, мамографијата всушност претставува едно од основите на раното поставување дијагноза и одредување правилен третман на ова заболување, рече Ѓоргиевска.

Прочитајте и...  Германија ќе избира наследник на Меркел на 26 септември 2021 година

Министерот за здравство Венко Филипче рече дека во изминатите три години значајно се зголеми бројот на биолошки лекови, најмодерна терапија за овие пациенти. До пред три години, потенцира, огромен број од нив се праќаа во странство да ја добијат оваа терапија, а сега нема пациент кој има некаква онколошка дијагноза, а за кој нема терапија во нашата земја.

– За пациентките со карцином на дојка има и прволиниска и второлиниска терапија. Со Фондот работевме на тоа да се зголеми и пристапот кон ортопедските помагала, така што сега има и градник и во периодот што доаѓа ќе работиме на тоа да се обезбеди и соодветната ракавица. Тие кои ја преживеале оваа малигна болест се секогаш на располагање да споделат искуство и да ги поддржат и другите пациенти и пациентки кои во овој момент имаат проблем. Работевме заедно и воведовме и психолошка поддршка на Клиниката за онкологија. Се на се еден сеопфатен пристап, олеснет пристап до терапија, дијагноза. Посебно во овој период во оваа здравствена криза, погодени од Ковидот, не застанаа здравствените услуги за пациентите кои имаат потреба од итна хируршка или било каква друга здравствена интервенција, исто така и за пациентите со малигна болест, рече Филипче.

Прочитајте и...  Шахпаска: Не 16  туку 365 дена да работиме на прашањето на насилството, родово-базираното и семејното насилство

Додаде дека со поддршка на Американската амбасада работат на проект за регионална координација и во таа смисла заеднички настап на сите земји во Западен Балкан во однос на политиката на отворањето на границите.

Американската амбасадорка Кејт Мари Брнз истакна дека вродиле со плод долгогодишните напори за рана детекција, ран скрининг, рана и добра грижа.

– Успеавме да го прекинеме молкот и јавно да зборуваме за рана детекција на ракот на дојка. Важно е така да продолжиме. Ракот на дојка и натаму се уште убива, но важно е да разговараме за ова, да ја користиме силата на преживеаните, на нивните семејства и на тие што направиле вистинска разлика во нивните животи, додаде Кејт Мари Брнз.

Прочитајте и...  Расколот во ДУИ може да ја „проголта“ и владата на Заев!?

Поврзани вести

Лисица ги изненади скопјани 

Илинка Иљоска

Затвореник измачувал и убил педофил, сакал и да го изеде. Пред судијата рекол дека убаво си поминал

И.И.

Лисиче и Аеродом се гасна комора, се жалат граѓаните на социјалните мрежи

Илинка Иљоска

Расфрлени кондоми и 80 луѓе без маски: Полицајци упаднаа на забава во Њујорк, сфатија дека прекинале оргии

Слободен печат

ВИДЕО: Австралија во шок откако тинејџер беше онесвестен од обезбедување бидејќи не носел маска

СП.

Правеле хрватски пасоши за криминалци од Србија и Црна Гора, уапсени 11 лица

И.И.

Остави Коментар