Претседателот на КФСМ Антиќ се прости од Душан Дуда Ивковиќ

Перо Антиќ соработуваше со Дуда во Олимпијакос при освојувањето на Евролигата во 2012/Белград, Србија/21 септември 2021/Фото: kfsm.mk

Кремот на европската и светската кошарка се собра денеска во Белград, за еден тажен настан…Испратен во вечното почивалиште еден од најголемите тренери на просторите на поранешната држава, Европа и светот, Душан Дуда Ивковиќ.

На погребот беше присутен и првиот човек на македонската кошарка, Перо Антиќ, кој се прости од човекот со кој соработуваше во атински Олимпијакос, при освојувањето на Евролигата во 2012 година.

Покрај членовите на семејството, на последното збогување присуствуваа бројни личности од светот на кошарката и спортот – тренерот на Партизан и кум на Дуда, Жељко Обрадовиќ, претседателот на српската кошаркарска федерација, Предраг Даниловиќ, Драган Кичановиќ, тренерот на Црвена Звезда, Дејан Радоњиќ, Владе Дивац, Василис Спанулис, првиот човек на кошаркарската федерација на Црна Гора, Никола Пековиќ, тренерот на ЦСКА Москва, Димитрис Итудис, Дејан Томашевиќ, Жарко Паспаљ, Теодорас Папалукас, Мирослав Бериќ, Милан Томиќ, Владе Ѓуровиќ, Жељко Лукајиќ, поранешниот претседател на кошаркарската федерација на Србија, Миодраг Бабиќ, Раша Нестеровиќ…

Ивковиќ беше еден од најуспешните европски тренери на сите времиња, најуспешниот селектор на кошаркарската репрезентација на Југославија на Европските првенства, каде освојуваше медали во Загреб во 1989 година, Рим во 1991 година и Атина во 1995 година.

Тој исто така беше селектор на кошаркарската репрезентација на Србија од 2008 до 2013 година, за кое време освои сребро на Европското првенство и беше четврти на Светското првенство 2010 година.

Перо Антиќ се прости од Дуда Ивковиќ: Ти благодарам за сѐ

Перо Антиќ се прости од Дуда Ивковиќ: Ти благодарам за сѐ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот