Претседателот на ФИФА ургирал да се повлече истрага против него

twitter/Sport Exclusive

Џани Инфантино интервенирал во швајцарското обвинителство за да се запре истрага против него за финансиски малверзации.

Светската фудбалска федерација (ФИФА) не може да се оттргне од скандалите, а овој пат на удар е актуелниот претседател, Џани Инфантино, кој ургирал во обвинителството за да се прекине истрага против него, пренесува весникот „Tribune de Geneve“.

Канцеларијата на јавниот обвинител на почетокот од 2016 година отворила истрага против Инфантино веднаш откако е избран за претседател на ФИФА поради продажбата на ТВ правата на офшор компанија, додека беше генерален секретар на УЕФА.

Весникот „Tribune de Geneve“ пишува дека Инфантино кој бил загрижен поради истрагата интервенирал кај обвинителот во кантонот Вале, Риналд Арнолд, кој патем му е пријател од детството.

„Во мој интерес е ова што е можно побрзо да се расчисти и да биде јасно дека немам ништо со сето ова“, пишува меѓу другото во писмото кое Инфантино му го напишал на Арнолд, обвинител на кантнот Вале, од каде потекнуваат и двајцата.Потоа Арнолд и Инфантино имале средба на 22 април 2016 година.

Од ФИФА засега нема реакција, но претходно потенцираше дека состановите помеѓу Инфантино и јавниот обвинител бидел со намера да се покаже дека ФИФА сака да соработва со обвинителството бидејќи во последните години постојано ја тресат корупциски скандали.

По третата средба која се одржала во ноември 2017 година, обвинителството ја прекинало истрагата.

„Tribune de Geneve“ исто така објави дека имало повеќе телефонски разговори помеѓу обвинителите и адвокатите на ФИФА и притоа е наведено дека обвинителите очигледно и помагале на светската фудбалска федерација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот