Претквалификации за Евробаскет 2025: Македонија решава уште една „скандинавка“
Денеска од 19.00 часот во салата „26 Април“ во Гевгелија македонската сениорска кошаркарска репрезентација атакува на уште еден триумф во претквалификациите за пласман на Европското првенство 2025.
Препорачано
По убедливата победа над Норвешка, избраниците на селекторот Александар Јончевски ќе ги одмерат силите против уште една скандинавска селекција во групата, Данска.
Во првиот меѓусебен дуел одигран во Нествед, славевме тесно со 70:73 со победничката тројка на Ненад Димитријевиќ во последните секунди од мечот.
– Селекцијата на Данска е доста јака, и доста е агресивна. Во таа насока гледано, ние ќе мора да им парираме со агресивна игра во одбраната. Се надевам дека исто како и на претходниот натпревар, оној со Норвешка, салата во Гевгелија ќе биде преполна, затоа што таа нивна поддршка ни значи премногу, особено во тешките моменти, кога работите не одат како што треба – вели еден од најдобрите во нашиот состав, Стојан Ѓуроски.
Втора рунда – Претквалификации ЕП 2025
Група „Д“
Двојки, четврто коло – денеска
18.00 часот: Норвешка – Словачка
19.00 часот: Македонија – Данска
Табела –
1.Македонија 3 3 0 210:181 6 бодови
2.Норвешка 3 2 1 222:201 5
3.Словачка 3 1 2 217:236 4
4.Данска 3 0 3 215:246 3
Јончевски: Не треба да не залажува тоа што ја победивме Данска на гости


