Пренамена во центарот на Струмица: Досега скривница, отсега уметничка галерија
Дел од градска скривница на плоштадот во Струмица, што досега се користеше за регистрација на бракови, ќе биде пренаменета во уметничка галерија. Како што информираат од Општината, вкупната корисна површина на пренаменетиот простор изнесува 319 метри квадратни, а ќе има изложбен простор, депо за слики, дневно депо, канцеларија, бифе и простор за седење и санитарни јазли.
Препорачано
Истовремено ќе биде изведена и натстрешница како архитектонски елемент, кој од една страна треба да ја задоволи функцијата на наткривување на влезот во галеријата, но и да претставува маркантна точка на плоштадот за обележување на влезот во уметничката галерија.
– Со уметничката галерија ќе се овозможи поголемо доближување на уметноста до граѓаните на Струмица. Покрај организирање на изложби, овој простор ќе може да се користи и за работилници, за предавања, за часови со најразлични содржини од областа на културата, додаваат во информацијата од Општина Струмица.
Пренаменувањето на овој простор се реализира во рамки на проектот „Пренамена и адаптација на деловен простор во уметничка галерија”, за кој ќе бидат потрошени околу 6,5 милиони денари што се обезбедени во поголем дел од Министерството за култура и од општинскиот буџет.


