Фото: Слободен печат / Методи Здравев

Премиерот Ѓуров обвинува за шема на купување гласови со фалсификувани евра во Бугарија

Привремениот бугарски премиер Андреј Ѓуров рече дека се запленети еден милион евра, а полициските операции ќе продолжат во последните денови пред изборите.

Во пресрет на парламентарните избори закажани за 19 април, привремениот премиер Андреј Ѓуров изјави дека во Бугарија се спрема шема за купување гласови со фалсификувани евра, објави „Софија глоуб“.

– Тоа значи дека тие не само што сакаат да го изобличат гласот на бугарските граѓани, туку и директно да ги измамат. На нас е да ги фатиме, а на бугарските граѓани е со нивниот глас во недела да ги направат овие напори на купувачите на гласови бесмислени, бидејќи високата излезност е посилна од сите криминални шеми. Покажавме дека државата е поорганизирана од трговците со гласови – изјави Ѓуров.

Ѓуров рече дека резултатот е заплена на еден милион евра, а полициските операции ќе продолжат во последните денови пред изборите.

– Нема засолниште, нема фиока, нема појас за пари или кандидатска листа што може да ги скрие оние што сакаат да го искриват и да го извалкаат гласот на бугарските граѓани и нашата иднина – рече тој.

Бугарија бара од ЕУ да ја штити за изборите поради страв од руско мешање во гласањето

Тој ги истакна, како што рече, успесите на привремената администрација пред изборите.

Советничката на привремениот премиер за изборниот процес, Вања Нушева, изјави дека бројот на предистражни постапки за изборни кривични дела е петпати поголем отколку на претходните парламентарни избори.

Заменик-министерот за внатрешни работи Иван Анчев соопшти дека до 15 април се примени вкупно 1.743 пријави од граѓани, наспроти 479 четири дена пред изборите во октомври 2024 година.

Вкупниот број на започнати кривични постапки е 461 до денес, наспроти 100 пред две години. Бројот на уапсени луѓе до денес е 288, додека во претходниот период бил 56.

Главниот секретар на Министерството за внатрешни работи, Георги Кандев, изјави дека купувачите на гласови ќе бидат цел и по изборите.

„Значи, луѓето навистина почнуваат да ни веруваат. Општеството полага надеж во нас и ние мора да ја оправдаме таа доверба“, рече Кандев.

ВИДЕО: Македонец облечен како шеик навиваше за Звезда во Дубаи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот