Бугарија бара од ЕУ да ја штити за изборите поради страв од руско мешање во гласањето
Софија побарала ЕУ и да активира процес наречен систем за брз одговор според Законот за дигитални услуги (ДСА), за да седне на маса со големите социјални платформи како „Мета“, „Гугл“, „Тикток“ и други за да се откриваат и запираат дезинформациски кампањи додека се одвиваат.
Бугарија побара од Европската Унија помош за да се спротивстави на можно руско мешање пред изборите подоцна овој месец, според преписка во која увид имал „Политико“.
Препорачано
Во редок потег за една земја членка на ЕУ, бугарските власти минатата недела побарале од дипломатската служба на Унијата да помогне во откривање — и на крајот во запирање — кампањи на странски актери за манипулирање со јавното мислење преку социјалните мрежи и пропагандни веб-страници, користејќи европски пристап развиен како одговор на руските и кинеските закани.
Бугарското барање е дел од обидите на владата да се спротивстави на странско мешање. Министерството за надворешни работи на Софија минатата недела формираше привремена единица за координација на одговорот на странско мешање, а за советник на единицата го ангажираше истражувачкиот новинар Христо Грозев, познат по својата поранешна работа во истражувачката група Белингкет.
Владата се подготвува за можно изборно мешање пред парламентарните избори на 19 април. Тоа се осми избори во земјата за пет години и на нив, според текстот, во анкетите води поранешниот претседател Румен Радев со левичарска ориентација, наспроти долгогодишниот лидер на десниот центар, Бојко Борисов.
Бугарија не се соочува со закана од Блискиот Исток, уверува претседателката Јотова
„Бугарија е меѓу земјите на ЕУ со најслаб институционален одговор“
Во неодамнешен извештај, бугарскиот Центар за проучување на демократијата оцени дека Бугарија „има една од најпермисивните информациски средини во ЕУ за недемократска злонамерна манипулација и е меѓу земјите со најслаб институционален одговор“, предупредувајќи на активни мрежи на проруски профили што се обидуваат да создадат поделби.
Во барањето на Софија било вклучено и барање за помош од Европската служба за надворешни работи (ЕЕАК), која ја координира работата на европските безбедносни служби за откривање и анализа на кампањи на странски актери за манипулирање со јавното мислење, со што би се активирал механизам што најчесто се користи за заштита на соседни земји како Молдавија од мешање од Москва.
Софија, исто така, побарала ЕУ да активира процес наречен систем за брз одговор според Законот за дигитални услуги (ДСА), со цел да седне на маса со големите социјални платформи како „Мета“, „Гугл“, „Тикток“ и други за да се откриваат и запираат дезинформациски кампањи додека се одвиваат, покажува преписката. Европската комисија минатата недела потврди дека процесот веќе е започнат.
Бугарија побарала поддршка од ЕУ „имајќи го предвид зголемениот ризик од координирани дезинформациски кампањи и странско мешање што би можеле да го поткопаат интегритетот на изборниот процес“, напишала владата во писмото до Европската комисија и Европската служба за надворешни работи.
„Бугарија отсекогаш молчеше за овие работи“
Еден функционер со директни сознанија за барањето, кому му била гарантирана анонимност за да открие доверливи детали, изјавил дека Бугарија „секогаш молчела за овие работи и негирала дека има какво било мешање. Сега Министерството за надворешни работи е многу почувствително на ова прашање и го истакнало како приоритет“.
Европската служба за надворешни работи преку својот механизам за странска информациска манипулација и мешање разменува податоци меѓу националните и европските институции што следат дезинформациски кампањи и координира заеднички одговор. Таквиот пристап може да резултира и со јавно посочување на странски актери вклучени во хибридни операции, а во одредени случаи и да послужи како основа за евентуални европски санкции против мрежи што шират дезинформации.
Во меѓувреме, бугарската влада во март разговарала и со претставници на „Тикток“ за ризиците од дезинформации во текот на кампањата.
Аналитичарот Георги Ангелов предупредува дека изборните правила во Бугарија строго го регулираат политичкото рекламирање во традиционалните медиуми, но не нудат исто ниво на контрола врз онлајн просторот, каде што дезинформациите сѐ повеќе се префрлаат. Тој оценува дека искуството од Романија покажало колку опасно може да биде ваквото влијание, додека од Европската служба за надворешни работи нагласуваат дека се подготвени да им помогнат на земјите членки преку систем за брза тревога, иако потсетуваат дека организацијата на изборите останува исклучиво национална надлежност.
Кој е „романскиот Трамп“ и зошто бара територии од Молдавија и Украина?


