Прекрасна глетка на стадионот на Партизан: 22.000 дечиња на трибините (ВИДЕО)

Екипата на Партизан вечерва ја има најубавата поддршка од трибините на стартот во Лигата на Европа против АЗ Алкмар. УЕФА го казни српскиот клуб, еден натпревар да игра пред празни трибини. Партизан вложи жалба, но УЕФА остана на ставот дека не смее да има навивачи на трибините, но на еден начин му прогледа низ прсти на српскиот тим.


УЕФА дозволи на трибините да има само дечиња помали од 14 години по што се мобилизираа во Партизан. Тие во соработка со основните училишта во Србија, на стадионот на Партизан, овозможија дури 22.000 дечиња да го следат натпреварот против АЗ Алкмар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот