Мировни преговори меѓу САД и Иран во Исламабад, Пакистан / Фото: Sohail Shahzad/EPA

Преговорите во Исламабад се неизвесни, надежите за мир сè помали

Иако во Исламабад сè уште се во тек обемни подготовки за нова рунда мировни преговори, има малку надеж дека состанокот воопшто дека ќе се одржи. Како што известува дописникот на „Би-би-си“ Пол Адамс од пакистанската престолнина, оптимизмот е намален, и покрај тоа што организациските аранжмани остануваат на сила, наведува британскиот медиум.

Безбедносните мерки остануваат на сила во градот, а делови од Исламабад се затворени за сообраќај. Бројни блокади на патиштата се поставени во последните денови како дел од подготовките за разговорите. Сепак, изгледите за средба што наскоро ќе се одржи засега се чини дека се исчезнати.

Трамп: Иран не може да ги уценува САД, тие малку се заиграа

Трамп го продолжи примирјето

Во меѓувреме американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека е подготвен да им даде на иранските власти уште само неколку дена за да формулираат унифициран контрапредлог за прекин на непријателствата. Доколку тоа не се случи, прекинот на огнот што моментално е на сила ќе заврши, објавува порталот „Аксиос“, повикувајќи се на сигурни извори во Белата куќа.

Според овој медиум, Трамп одлучил да покаже малку повеќе трпение со Техеран, но јасно ставил до знаење дека времето истекува.

Техеран им се заканува на САД и Израел и покрај прекинот на огнот

Во исто време Иран повторно се закани дека ќе нападне американски и израелски цели ако „агресијата“ против Техеран продолжи. Пораката дојде преку воениот портпарол Ебрахим Золфагари, чија изјава беше прочитана на државната телевизија, во време кога Доналд Трамп го најавуваше продолжувањето на прекинот на огнот што требаше да истече до денес со цел да се овозможи продолжување на мировните преговори.

„Во случај на агресија и каква било акција против исламски Иран, вооружените сили на Исламската Република Иран веднаш и жестоко ќе ги нападнат однапред одредените цели и ќе им одржат нова, уште посурова лекција на агресорот Америка и на ционистичкиот режим што убива деца, Израел – информираше официјален Техеран.

Сепак, продолжувањето на преговорите е неизвесно. Џеј Ди Венс требаше да отпатува за Пакистан вчера, но патувањето беше откажано бидејќи, како што изјавија домаќините, Техеран до доцна синоќа не го потврди пристигнување на иранската делегација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот