Падна владата на португалскиот премиер Луис Монтенегро/Фото: EPA-EFE/JOSE SENA GOULAO

Предвремени парламентарни избори во Португалија на 18 мај

Претседателот на Португалија синоќа најави распуштање на Парламентот и распишување предвремени парламентарни избори кои ќе се одржат на 18 мај, по падот на конзервативната влада на Луис Монтенегро, кој опозицијата го обвини за конфликт на интереси.

Марсело Ребело де Соуса истакна дека сака да ја обезбеди стабилноста на земјата, појаснувајќи дека 18 мај е „датумот што го претпочитаат повеќето партии“ за одржување на изборите.

Монтенегро неколку недели беше на удар на опозицијата, која го критикуваше за конфликт на интереси поради семејни деловни зделки.

Опозицијата се пожали дека компанијата Спинумвира, основана од Монтенгро во 2021 година, има корист од неговото назначување за шеф на португалската влада и потпишала договори со различни приватни компании.

Премиерот во заминување негира дека се случило нешто незаконско и нагласува дека бизнисот сега е на неговите синови. Сепак, тој избегна да даде какви било информации за клиентелата на компанијата.

И покрај реакциите, Луис Монтенегро има намера повторно да се кандидира на претстојните избори, трети од 2022 година во Португалија. Според анкетите, Демократскиот сојуз на Монтенегро може да го зголеми својот процент во однос на изборите одржани во март 2024 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот