Фото: Профимедиа

Предлог за денешниот ручек: Пилешко филе со кашкавал и моцарела

За денешниот ручек ви нудиме одлична идеја… брз, лесен и многу вкусен ручек кој ќе ги израдува непцата на сите во семејството.

СОСТОЈКИ:

– 500 г пилешко филе

– 1 лажичка сув босилек

– 100 г моцарела

– 50 г кашкавал

– 100 г доматно пире

– 50 мл маслиново масло

– сол и црн пипер

ПОДГОТОВКА

Пилешкото филе расечете го на пола, но не до крај. Посолете го и побиберете од двете страни. Премачкајте го плехот со половина маслиново масло и во него ставете го пилешкото филе. Премачкајте го со доматно пире и над него распоредете ја моцарелата. На крја додајте го кашкавалот сечен на коцки, и останатото маслиново масло. Посипете со босилек. Печете во рерна на 200 степени. Садот држете го со покриен со алуминска фолија 30 минути, а потоа тргнете ја фолијата и запечете го уште 20 минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот